Трибина во Штип

Заев: Целиот свет го признава нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против сѐ што е во интерес на граѓаните, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина На прав пат во Штип. 

„Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против сѐ, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните”, изјави Заев.

Според него, целиот свет го признал нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна.

„Не разбираме како може да се против сѐ, против поврат на ДДВ против ЕУ и НАТО против повисоки плати и пензии против сѐ, но тоа е нивни проблем. Ние продолжуваме по вистинскиот, по правиот пат”, додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.

Пред штипјани тој кажа дека ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите, но и младите. 

„Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите”, рече Заев, објаснувајќи дека сега се отворени перспективи за сите нас, за нашите деца, за татковината, за граѓаните.

„Никој повеќе не не негира како земја, признаени сме од целиот свет. Во седиштето на ЕУ говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, за која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината”, порача Заев.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе