Предвремени парламентарни избори

Заев, Царовска и Димитров во Припор: Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителите на кандидатската листа во ИЕ 1, Мила Царовска и Никола Димитров денеска на трибина во Припор разговараа со граѓаните и ги повикаа на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме".

„Имавме храброст и став и мудрост да имаме наша татковина. Да имаме наша земја. Да имаме имотен лист и повеќе да не сме ФИРОМ. Имаме земја признаена од целиот свет. Чесно му служевме на народот. Не калкулиравме. Ја дигнавме економијата. Покажавме дека Можеме. Македонштината никогаш не била погорда. Целиот свет ни е пријател и имаме поддршка. Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот, на човечињата, на мракот“, рече Заев.

Царовска рече дека многу направивме минатите две и пол години за граѓаните.

„Три работи ќе истакнам. Сите сиромашни домаќинства добија за 300% повисока социјална помош. Со детскиот и образовниот додаток работиме на намалување на детската сиромаштија. Ја зголемивме минималната плата за 60% и многу ме разалоштува тоа дека опозицијата нуди минимална плата од 13.000 денари што е за 1.500 денари помалку од сегашната минимална плата којашто изнесува 14.500 денари. Ги зголемивме пензиите и ќе продолжат да растат. Минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари“, рече Царовска.

Никола Димитров истакна дека не излегувањето на гласање значи враќање назад.

„Чуда направивме за две и пол години.  На чекор сме до ЕУ. Немаме избор. Нема враќање назад. Затоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити не води назад. Да си ја зграпчиме шансата можеме многу да направиме во сите сфери“, рече Димитров. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе