За бугарската агенција БГНЕС

Заев: Борисов не барал заштита за Камчев, не би си дозволил такво нешто

Договорот за пријателство и добрососедство донесе многу позитивни придобивки за Северна Македонија и за Бугарија и стави крај на еден систем кој ги труеше односите меѓу двете земји. Историските факти во врска нашата заедничка историја се јасни и од тоа нема бегање. Комисијата треба да си ја заврши работата за што има поддршка од мене и од Бојко Борисов, вели премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС.

„Бугарија може многу да ни помогне во процесот на европска интеграција и веќе многу ни помогна. Таа беше прва што се бореше со Европската комисија за да добиеме датум за почеток на преговорите. Бугарија го сподели целото свое искуство од процесот на пристапни преговори. Таа беше една од првите земји што го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО. Бугарија го покажа своето пријателство. Верувам дека и ние го покажуваме истото“, наведува Заев.

Договорот, според него, стави крај на системот, кој беше воспоставен по 1945 година, и со децении ги труеше билатералните односи.

Тој во интервјуто, меѓу другото, истакнува и дека коридорот 8 конечно треба да се реализира, а пред се пругата што ќе ги поврзува Скопје и Софија, а говори и за улогата на Бугарската православна црква во решавањето на проблемот со статусот на Македонската православна црква.

Во врска со настаните од историјата и нивното заедничко одбележување, Заев очекува мешовитата експертска комисија да ја продолжи работата и наскоро да има резултати за спорните прашање.

„Комитетот за историски прашања е формиран за да се изгради пријателство меѓу двете нации. Јас, заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов, ги охрабруваме историчарите да ја завршат работата. Веќе е постигната согласност за некои значајни историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Наум, св. Климент, цар Самоил. Ние го потпишавме Договорот, градиме пријателство, соработка и добрососедство. Во еден таков контекст, комисиите треба само да го надградат тоа“, изјави Заев, додавајќи дека е убеден дека комисијата во септември ќе постигне резултати за отворените прашања.

Во однос на Договорот од Преспа и очекувањата од новата Влада во Грција, Заев ги оценува како позитивни првите сигнали што доаѓаат од новоизбраниот грчки премиер Киријакос Мицотакис.

„Кога договорот беше ратификуван, тој рече дека е против него, но ако грчкиот Парламент го ратификува, а тоа е меѓународна ратификација, треба да гледаме напред. Верувам дека со текот на времето, договорот ќе даде позитивни придобивки и за Северна Македонија и за Грција“, вели македонскиот премиер.

Прашан за случајот „Рекет“ и објавените информации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен бизнисменот Орце Камчев кој е под истрага, Заев тврди дека такво нешто нема.

„Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би си дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото. Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политика што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите“, рече Заев.

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе