Заев: Боки лаже бидејќи ги одбив сите барања од него за да му помогнам

Откако денес беше донесена пресудата за „Рекет“ и Бојан Јовановски доби 9 години затвор, осудениот пресудата ја нарече политичка и ги обвини Зоран Заев и неговиот брат.

По повод овие изјави, лидерот на СДСМ, Зоран Заев за „Фокус" изјави дека Јовановски ги изнел тие обвиненија бидејќи тој лично го пријавил и одбил да му помогне.

„Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес“, изјавил Заев.

Лидерот на СДСМ додал дека ќе продолжи да се бори за владеење на правото, законот да биде ист за сите, и додал дека секој што ќе се огреши пред законот ќе одговара.

Претходно судот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 му изрече казна затвор од девет години. Јовановски беше прогласен за виновен за сторените кривични дела „примање награда за противзаконско влијание“ и за „перење пари“, а Катица Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ ќе одлежи 7 години.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе