Заев - Блок: Одржливи резултати во реформите го отвораат патот на Македонија кон ЕУ

Важноста на големата историска одлука, пред којашто се исправени граѓаните на Република Македонија, претстојниот референдум на 30 септември, како и реформските процеси во земјата за исполнување на евроатлантските интеграции биле главна тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Заев рекол дека посетата на Блок е во историски период за Македонија, за време на кампањата за референдум, со кој е заокружен неколкудеценискиот спор со Грција и кога граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност слободно и демократски да го изразат својот став.

„Заев искажа благодарност за континуираната поддршка во градењето на нашата земја како европска и демократска и изрази уверување дека Владата останува фокусирана на обезбедување на конкретни и одржливи резултати во правец на реформите во областа на судството, безбедносните служби, јавната администрација, слободата на говорот и обезбедување на подобрување на условите на медиумите, за функционирање на независни медиуми, како и продолжување на напорите за интензивирање на борбата против корупцијата”, стои во соопштението.

Блок ја пренел поддршката која континуирано ја дава Холандија, акцентирајќи дека таа е базирана на исполнувањето на условите и имплементацијата на реформите, кои, како што рече, се клучни кон отворањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

„Двајцата соговорници се согласија дека почитувањето и практицирањето на политиката на добрососедски односи и соработка ја подобрува и сликата на целиот регион и отвора можност за просперитет на сите земји од западниот Балкан”, се наведува во соопштението. 

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе