Заев - Бирлајн, Австрија останува верен пријател и поддржувач на Македонија

Очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздрави Македонија како членка на Европската Унија, изрази денеска австриската канцеларка Бригите Бирлајн на средбата со премиерот Зоран Заев во австриската област Вахау.

Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба, го поздравила последниот позитивен извештај на Европската комисија за земјава и повторила дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Македонија.

Австриската канцеларка на премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори кои ги презел и кои, како што рече, придонеле да нема никакви пречки за отпочнување преговорите со Унијата.

Заев и Бирлајн, како што соопшти владината прес-служба на денешната средба се согласиле дека Австрија е и „еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи меѓу двете земји“.

Првата средба со новата канцеларка на Австрија Заев ја искористи да ја покани Бирлајн да ја посети Македонија. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе