Заев би, а Ахмети не сака предизборна коалиција со СДСМ

Коалициските партнери СДСМ и ДУИ имаат различни позиции за можна предизборна коалиција. За Али Ахмети, коалиција со партијата на Зоран Заев нема да и биде од корист на ниту една од страните. Според него, такви предизборни коалиции се логични само на локално ниво или како што беше случајот на претседателските избори. Пред два дена Заев за ТВ 24 изјави дека не е против предизборна коалиција, но за тоа прво ќе треба да се направат посериозни анализи.

 

„Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ, ни на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ, ни на ДУИ. Сѐ уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети во емисијата „Аргумент“ на ТВ Алсат рече дека е разочаран од албанските опозициски партии кои во минатото не прифатиле коалиција ниту со ДУИ ниту сами меѓу себе.

Во СДСМ велат дека се уште не е јасно дефинирано прашањето за коалиција. Вицепремиерката Радмила Шеќеринска смета дека е рано за ова прашање.

СДСМ и ДУИ соработуваа на локалните избори, на пример, се поддржаа за избор на нивните кадри во Чаир, Тетово, Кичево и Струга, а ДУИ ја подржа кандидатурата на Стево Пендаровски на претседателските избори.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе