По неуспехот на лидерската средба

Заев: Амнестија, директна или индиректна, нема да има

Разговорите со опозицијата траат долго. Овие разговори ќе продолжат, веројатно во недела вечер или понеделник наутро. Разговорите се поврзани со процесот за претстојниот референдум и со формирањето на Државната изборна комисија, изјави Зоран Заев, претседателот на СДСМ, по денешниот неуспешен крај на лидерската средба.

„Стратегиска цел на нашата земја и на сите парламентарни партии е полноправното членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Компромиси нема. Амнестија директна или индиректна - нема. Ќе му дадеме шанса на дијалогот и разговорот сѐ додека е тоа можно. Разговорите продолжуваат. Собранието продолжува да работи и на промените во Изборниот законик. На лидерската средба очекувам да се договори и имплементацијата на ДИК“, рече Заев.

Тој не сакаше да влегува во деталите на разговорите за да не му наштети на продолжението на лидерската средба. „Кога ќе завршат лидерските средби, ќе соопштиме. Сакам да дојдеме до решение, до успешен референдум и отворање на процесот за членство во ЕУ и НАТО. Нема да зборувам за деталите. Деновите се бројат, мора навреме да го спроведеме референдумот за да дојдеме до уставните измени и на крај одлука на грчкиот парламент“, рече Заев.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе