Заев: Ако се одложи ратификацијата во Шпанија, кај нас е можна условна ратификација

Според информациите кои ги добиле властите на Република Северна Македонија се очекува следниот месец да заврши ратификацијата на Протоколот за влез на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент, по што нашето Собрание ратификацијата би ја завршило до крајот на следниот месец или евентуално до 11 февруари, пред да се распушти законодавиот дом. Евентуалното одложување на ратификацијата во Шпанија ја отвора можноста да се направи условна ратификација кај нас.

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство.

„Евентуалното одложување од Шпанија, кое не верувам дека ќе се случи, ја отвора можноста да направиме условна ратификација во самиот Парламент, која би била објавена од страна на претседателот на државата, од страна на Парламентот, веднаш со ратификацијата во шпанскиот Парламент. Овде постапката и процедурата е усогласена со НАТО централата и тоа можеме да го направиме, но чесно, достоинствено и гордо да бидеме 30 земја-членка, која ќе ја направи ратификацијата. И затоа одиме сериозно и одговорно во делот на постапките без какви било политички калкукации“, рече премиерот.

 Тој иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ја означи како политичка калкулација и ги праша пратениците од оваа партија каде биле кога во Собранието се носеле важните стратешки одлуки за земјата.

„Не треба да бидете од некоја голема партија, може да бидете и од мала и како граѓанин да знаете дека за предлог за ратификација доставува Владата до Парламентот. Политичките партиии ова сега го користат исклучиво заради нивно калкулантство. Каде беа тие кога требаше да се донесат големите одлуки за РСМ, за да можеме да бидеме членка во НАТО. Беа повлечени надвор од сите преговарачки процеси, избегнуваа да донесат храбри одлуки стоеја над пратеницитре кои дефинитивно ги поддржаа ваквите историски одлуки во Собранието, по 27 години да ги решиме крупните проблеми за да бидеме конечно членка на НАТО“, рече Заев.

Премиерот истакна дека верува оти граѓаните ќе ги препознаат овие политички калкулации.

Андреј Жерновски, заменик министерот за надворешни работи попладнево објави дек се одржала конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.

„Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест. По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница“, напиша Жерновски на Фејсбук.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе