Нова истрага за „Рекет“

Заев: Ако Ременска биде осомничена или обвинета, ќе ја отстраниме од партијата

Стоиме на своите ставови и ќе го отстраниме функционерот од сите обврски во партијата, рече премиерот Зоран Заев по информацијата дека новоосомничена во аферата „Рекет" е пратеничката на СДСМ и потпретседалката на Собранието Фросина Ременски.

„Стоиме на зборот. Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинето ние ги применуваме санкциите, односно ќе го отстраниме од функциите во партијата. Тоа ќе ги примениме во овој случај“, рече Заев.

Тој додаде дека конкретен став за овој случај ќе даде денеска, откако ќе ги добие сите информации од обвинителството.

Вчера обвинителството соопшто дека се отвора нова истрага за случајот „Рекет“ во кој еден осомничените е и Фросина Ременски, која беше и почесна претседателка на невладината организација на Бојан Јовановски-Боки 13, Меѓународен сојуз. Таа е осомничена за присуство на состаноци со претставници на градежни компании кои платиле големи суми за невладината организација.

На оваа негова изјава реагираше претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој рече дека премиерот Заев е контрадикторен.

„Тој најави дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер. Османи е исто така осомничен, тој е во случај осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со најавата за Ременски сака само да ја замајува јавноста“, рече Села.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе