Локални избори

Заев: Aко на локалните избори граѓаните испратат поинаква порака, можни се предвремени парламентарни избори

Локалните избори на 17 октомври се важни бидејќи граѓаните ќе испратат порака по кој пат треба да се движи Северна Македонија и да кажат во кој правец треба да продолжиме, изјави вечерва премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вестите на ТВ Сител.

„Според сите анализи, нашите очекувања се дека ќе имаме најмногу градоначалници, најмногу советнички места и најмногу гласови како владина коалиција. На земјава не ѝ требаат нови парламентарни избори, туку ѝ треба период во кој ќе се работи на економијата и на подобрување на стандардот, но ако пораката на локалните избори е спротивна од нивните очекувања, отворени сме за сите можности. По многу нешта се разликуваме од нашите политички противници. Ние сме прогресивни, ориентирани кон иднината, тие се заглавени во минатото, во минатото на Груевски, но и општо во минатото“, рече Заев.

Заев истакна дека нивните анкети покажуваат оти коалицијата предводена од СДМС ги избрала најдобрите кандидати за градоначалници и советници, додека тоа, според него, не го препознал кај ВМРО-ДПМНЕ.

„Некои други причини како блискост до лидерот, финансиите на кандидати и слично беа репер за тоа како се носат одлуките во ВМРО-ДПМНЕ. Ние одлучувавме за најдобрите и посветивме доста финансиски ресурси за добри анализи, бидејќи граѓаните го заслужуваат најдоброто“, рече Заев.

Според него, трета особина која ги разликува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се програмите и проектите.

„Тука сме многу различни. Секоја општина ги има стандардните проекти за решавање на проблемите со кои живее локалното население. Но, сите имаат и една група доминантни проекти кои треба на убаво да го сменат ликот на општините. Доминира зелената агенда, одржливите работни места и градењето на благопријатно место за живот на сите. Да биде доволно привлечно за сите да останат да работат и да го димензионираат квалитетно својот живот овде“, додаде Заев.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе