Во Брдо кај Крањ средби пред Самитот на ЕУ

Заев: Ако ЕУ-декларациите не се спроведат, народот ќе се разочара во европската идеја

Народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела, ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка, кажал премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, Словенија на заедничка средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, со премиерот на Словенија Јанез Јанша и со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ги започна активностите утврдени во агендата од неговата работна посета на Словенија, по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо-Крањ, соопшти кабинетот на премиерот.

„На средбата беше потенцирана важноста на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, беше поздравено тоа што за Брисел и натаму проширувањето на Унијата со земјите од регионот останува стратешки приоритет, што се очекува да биде нотирано и во денешната декларација од Самитот“ , се вели во соопштението.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе