Заев: Ако ДУИ уценува ќе му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за тој да формира малцинска влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел изрази подготвеност да му отстапи 13 пратеници на  Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ уценува

„Сум докажал дека немам предрасуди за етничката припадност на било кој граѓанин или кандидат за премиер, бидејќи за мене постојат само квалитетни и неквалитетни луѓе. Со пратенчката група на СДСМ не може ДУИ да биде во Влада со ваков услов или уцена. Верувам дека можеме да дојдеме до 60 и повеќе пратеници, но со уцена да биде ДУИ во Влада, а нивниот кандидат да биде премиер, апсолутно е неприфатливо. Нема да дозволиме да бидеме под уцена. Јас сум кандидатот за премиер и јас ќе бидат идниот премиер. Јас сум подготвен да му отстапам 13 пратеници на Мицкоски за тој да формира малцинска Влада. Никој не смее под уцени да преговара“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашањето дали за него е прифатлив кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери.

Мицкоски на ова му порача на Заев да ја остави математиката на математичарите.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе