Заев: Ахмети врши притисок врз мене за премиерското место со поканата за средба со албанските лидери

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ја оценува како притисок врз него поканата од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блок на 13 август, на годишнината од Рамковниот договор.

„Да, го гледам ова како притисок врз мене, СДСМ и коалицијата „Можеме“, за премиер по предлог на ДУИ“, изјави Заев за ТВ21.
На прашањето дали сребата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев вели дека сѐ уште е прерано да се даде каков било одговор на тоа.
Средбата што ја иницира Ахмети треба да се одржи в четврток, по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор. Поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.
Засега нема официјална потврда од поканетите дали ќе одат на заедничката средба со Ахмети.
 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе