Марш „Излези ЗА европска Македонија”

Заев: 30 септември е ден за избор, не за седење дома, ден за пишување историја

Е ова е нашата земја македонска, е ова е европска Македонија. Со овие зборови премиерот Зоран заев го започна обраќањето на големиот граѓански собир во Скопје во организација на Коалицијата „Заедно за европска Македонија”.   

„Сонуваме сите 27 години и денеска конечно сме исправени да го оствариме нашиот сон, да обезбедиме европска иднина за нашите деца и генерациите после нас. НАТО и ЕУ не поврзува сите, затоа оваа аспирација конечно имаме шанса да ја зграпчиме и бидеме горди оти сме успеале”, порача Заев на граѓанскиот собир пред седиштето на Делегацијата на ЕУ .

Според него, илјадниците граѓаниденеска излегле да испратат сериозна порака во вистинско време, порака дека сакаме иднина, дека сакаме европска Македонија!
„Ова е одговорност на нашата генерија. Од нас зависи иднината на нашата Македонија, на нашите деца, Никој друг за нас не може да ја донесе оваа одлука. Јас знам дека нашиот мултиетнички народ е исправен сериозно пред крупна одлука и ќе се носи со сериозноста на одлуката. Ќе обезбедиме иднина на нашите деца. Ќе обезбедиме иднина на Македонија”, порача Заев.

Патриотизам, како што кажа, е да си ја зачуваме иднината на нашата татковина, НАТО и ЕУ се единствениот пат и нема алтернатива.
„Поучени од овие 27 години донесовме одлука храбро. Пред се и пред нашите политички партии ја ставивме Македонија. Склучивме договор и стекнавме пријател. Сите мора да знаеме дека договорот е фер и праведен. И двете страни подеднакво добиваат. Ве уверуваме дека со Договорот двете страни добија и овој договор обезбедува перспектива, пријатлество, развој и европска иднина, порача Заев. 

Тој ги повика сите неопределени и им порача дека не постои резервна варијанта и оти само преку референдум и одлука на граѓаните ќе имаме европска иднина. 

„30 септември е ден за избор. Ден за акција. Не е ден за седење дома. 30 септември е ден за испишување историја, за европска Македонија. Излези за европска Македонија”, порача Заев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, ги повика сите на 30 септември „да им подариме на генерациите по нас достоинствена татковина, татковина која нема проблем ниту со историјата, ниту со географијата, татковина која е заедничка и рамноправна за сите”.  

„Мојот избор одамна е, гласам ЗА европска Македонија за држава во која ќе можеме Европски да живееме, а не да тежнееме да одиме во Европа. Нашата земја заслужува да ги доживее ефектите што ги носи евроинтеграцискиот процес, додека сите ние заедно, заслужуваме да бидеме сопатници во овој процес. Бројни се причините што ме тераат да мислам вака, но ќе спомнам само три од нив: Прво – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО се негуваат цивилизациските вредности на културниот, етничкиот и верскиот соживот. Второ – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, никој не смее да го оспори етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет. Трето – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, сите тешкотии се надминуваат преку колективната солидарност”, рече Џафери.

Новинарот Томислав Кежаровски, кажа дека е време да се свртиме кон иднината, оти Македонија треба и мора да оди напред.

„На 30 септември јас ќе заокружам за, за промена кон подобро. Јас ќе заокружам за, за држава каква што заслужуваме. Знам дека на 1 октомври нема да е мед и млеко, ама сепак сигурен сум дека нема да е она што беше наназад 27 години, особено не како што беше во годините на владеењето не на ВМРО ДПМНЕ, туку на фамилијата”, порача Кежаровски.

Денешниот марш Марш за европска Македонија во Скопје на кој учествуваа граѓани од целата земјапочна е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а заврши пред зградата на Делегацијата на ЕУ.

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе