Помпео на 231-та годишнина од Стејт депатментот

Зачленувањето на Македонија во НАТО меѓу успесите на американската дипломатија

Државниот секретар Мајк Помпео на одбележувањето на 231-та годишнина од формирањето на Стејт департментот синоќа ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го спомена и зачленувањето на Македонија во НАТО.

„Овој значаен датум е можност да се посочи на основната улога на нашата дипломатија во унапредување на интересите, безбедноста и економскиот просперитет на американскиот народ“, рече Помпео.

Тој, како што јавуива МИА од Вашингтон, ги пофалил кадрите во Стејт департментот за „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата за слободен, мирољубов и просперитетен свет“.

„Во годината што измина, продолживме со притисокот против режимот во Иран…, промовиравме мир во Авганистан… и на нашите сојузници и партнери им ја откривме вистинската природа на кинеската Комунистичка партија. Исто така, ја пречекавме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и објавивме план за имплементација на американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, бидејќи да се даде власт на жените е правилно и тоа ќе го направи светот побезбеден“, се вели во соопштениото на американскиот државен секретар.

Во него се истакнуваат и огромните напори што САД ги прават во борбата со пандемијата на коронавирус дома и во светот.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе