Регионална конференција за отвореноста на извршната власт

Забрчанец: Го задржавме првото место во регионот според транспарентноста

„Горди сме што повторно сме на прво место според отвореноста и транспарентноста во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност“, кажал националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец за време на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска беше организирана во Подгорица преку видео врска.

Според зборовите на Забрчанец, македонската Владата покажала високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите и да воспостави правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја и од тоа кој е на власт.

Тој укажал и на алатките за обезбедување отвореност и транспарентност на Владата и дека во време на ковид - кризата беа отворени веб страници со едукација за мерките за заштита, со дневни статистики, како и за јавните набавки поврзани со пандемијата.

„Ја подобривме дигиталната комуникација, а и по завршувањето на пандемијата ќе продолжиме да ги користиме овие алатки. Ние сме прва Влада во регионот, а можеби и во Европа која воведе прес-конференции преку онлајн видео врски, на кои можат да учествуваат сите регистрирани и акредитирани новинари и директно да поставуваат прашања. На овој начин и на новинарите од медиумите од внатрешноста им овозможивме директна комуникација со Владата", нагласил Забрчанец.

Одговорното владеење значи постојано унапредување на отвореноста и отчетноста на институциите и со тоа кај демократските власти не смее да има компромис, нагласил Забрчанец.

За практичното спроведување на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореле и претставници на владини институции и на невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Србија.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе