Владата одлучи

За жените на село 180 илјади денари неповратна финансиска поддршка

Неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции коишто ќе придонесат за развој на руралните средини е мерката која ја прифати денеска Владата на 136 седница, која предвидува изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година, во насока на поддршка на жените од руралните средини.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница беше прифатен и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во Република Северна Македонија и Културно – информативни центри во Република Албанија. Со спогодбата се воспоставува правна рамка за основање на културно – информативни центри, преку кои уште повеќе ќе се интензивираат релациите во сите дејности од областа на културата, презентација и афирмација на културите на двете земји, како и институционално поврзување на субјектите од Република Северна Македонија и Република Албанија што би резултирало со голем број на заеднички проекти и иницијативи. Отворањето на културните центри ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија, ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави и ќе претставува мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите.

Министрите денеска ја прифатија информација во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции. Склучувањето на овој Протокол, како основа, е произлезено од Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија, склучен во Подгорица, во октомври 2011-та година, а неговата цел произлегува од стратешката приоритети за остварување полноправно членство на двете држави во Европската Унија.

На 136-та седница членовите на Владата ја прифатија информацијата за напредокот на проектот реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија, а којашто се однесува на текот на реализираните активности во Казнено-поправната установа Затвор Куманово со Отворено одделение во Крива Паланка, село К’шање, општина Куманово, Казнено-поправната установа КПД Идризово општина Гази Баба, Воспитно-поправната установа ВПД Тетово општина Брвеница и Казнено-поправната установа Затвор Скопје, општина Шуто Оризари. Основна цел на проектот е унапредување на процесот на извршување на санкциите, преку остварување и унапредување на човековите права во однос на условите за сместување, хигиената, здравствената заштита, работните и слободните активности на осудените и притворените лица.

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја прифати информацијата за приклучување на Република Северна Македонија кон Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита. Вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зајакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здравствена заштита.

Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската здравствена организација и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здравствена заштита. Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здравствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здравствена заштита. Северна Македонија станува дел од ова тело, на покана токму на Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе