На роденденот на партијата

„За зелена иднина“. Зелената агенда станува дел од ДУИ, најави Али Ахмети

На Денот на животната средина, на 19-от роденден на ДУИ, партискиот лидер Али Ахмети ја најави новата платформа на партијата, трансформацијата на партијата, најави дека зелената агенда станува дел од ДУИ.

„Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во НАТО, имаме правична застапеност... Се изградија учичишта, болници, театри... Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот“, изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ на собирот во Градскиот парк во Скопје.

Тој рече дека е време да се прифатат политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.

„На 19-иот роденден на ДУИ започнуваме нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живо. Ние започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, надвор од етничките права, развој и цели на интеграција, политика за правда во животната средина, квалитет на живот. Денес, Демократската унија за интеграција како целина ја прифаќа зелената агенда како дел од европските зелени напори и ја додава на програмските столбови како приоритет. Се фокусираме  целосно на квалитетот на животот, условите за живот, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални политики, инфраструктура, економија и животна средина. Дојде време да ја отвориме вратата и да ги прифатиме овие политики за зелена, безбедна, развиена и здрава иднина. Ова е она што вие, младите, го барате. Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина“, рече Ахмети. На настанот пред Школка под мотото „За една зелена иднина" Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието, во Владата.

Охридскиот договор е реализиран, како и интеграцијата во НАТО и правична застапеност. Се изградија училишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот, истакна Али Ахмети лидер на ДУИ.

На 19-иот роденден на ДУИ, истакна партискиот лидер, започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот, а зелената агенда станува дел од ДУИ.

„По Рамковниот договор дојде време ДУИ да се фокусира и целосно на квалитетот и условите на животот, на една неселективна правда, дигитализацијата... Вие младината барате гласно услови за живот како на Западот“, изјави Ахмети.

Тој потенцира дека ДУИ од денеска ја прегрнува целосно новата зелена, еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места.

„Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација. Денес загадувањето на животната средина е и загрозување на безбедноста. Ние ќе се ангажираме дабидеме регионални и европски лидери во зелерната. еколошка политика. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, дека дишеме еден воздух, живееме во еден ист простор, ние како ДУИ ќе бидеме столб во ваквата идна политика и во времето што претстои“, изјави Ахмети.

 

На почетокот од својот говор тој ги поздрави присутните и на македонски јазик.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе