Бугарската министерка тврди дека „Македонија лаже“

За Захариева славењето на Тито во Скопје е исто како да се слави Хитлер во Берлин

Бугарија не го негира јазикот и идентитетот на Македонците, туку обратно, тие ги негираат правата на Бугарите, е последниот став на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изнесен во денешното интервју за германскиот весник „Велт“, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.

Фото: Принтскрин

Захариева вели дека се согласува со тврдењето на со вицепремиерот Никола Димитров дека секоја нација има право на самоопределување, но не се согласувала со тврдењето дека Бугарите ни го негирале тоа право. Според неа, „тоа не е точно“.

Таа повторно тврди дека Македонија ја политизира работата на мешовитата историска комисија, го блокира развојот на Коридорот 8 и бугарските инвестиции во земјата. Захариева дури ја обвинува Македонија дека лаже оти Бугарија ѝ го негира идентитетот и јазикот и додава дека „го слави мрачниот диктатор Тито“.

Апелирајќи да се смират емоциите во двете земји и да се води конструктивна дебата, Захариева вели дека не и јасно како во Северна Македонија можела да се слави 40-годишнината од смртта на „мрачниот“ диктатор Тито што било исто како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер, па и „Велт“ го објавува интервјуто со наслов: „Како во Берлин да се слави денот на смртта на Хитлер“, пишува Дојче Веле.

На прашањето зошто нејзината земја го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, Захариева дава серија причини, почнувајќи од имплементацијата на Договорот за добрососедство, работата на историската комисија, инфраструктурата...

Запрашана дали е точно дека Бугарија опстојува на ставот дека македонскиот не е самостоен јазик, туку дијалект на бугарскиот, Захариева вели:

„Најтешка тема се неточните обвинувања што се слушаат подолго време дека им го негираме правото на самоопределување на Македонците. Или правото да го нарекуваат нивниот јазик како што сакаат. Но, земјите не признаваат јазици или нации, туку само други држави“. Исто така, додава дека Скопје прави обид „да ја портретира Бугарија како земја која останала во не знам кој век“.

На прашањето, дали има надеж да се најде компромис до крајот на годинава, кога завршува германското претседавање со ЕУ, Захариева одговара со цитат од францускиот претседател: „Квалитетот е поважен од брзината на процесот“ и бара да престане омразата. Според Захариева од 1 септември до 20 ноември биле избројани 14.699 негативни објави за Бугарија во македонските медиуми и само четири неутрални. Таа, пак, тврди дека во Бугарија, во истиот период, имало 450 позитивни извештаи за Северна Македонија во медиумите.

„Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање затоа што ја славеа четириесет годишнината од смртта на еден од најмрачните диктатори, Тито. За помалку од десет години тој убил речиси 1,7 милиони луѓе во поранешна Југославија. А тие таму го слават него. Градоначалникот на Скопје е партиски другар на Заев. Потоа веќе таму не бев толку популарна. Ама тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер“, изјавила Захариева.

Бугарската министерка уште тврди дека во изминатите десет години 88.450 граѓани на Северна Македонија, добиле бугарско државјанство врз основа на нивното потекло.

„Во изминатите десет години 88.450 северномакедонци добија бугарско државјанство врз основа на нивното потекло. Тие се бугарски и европски државјани. Тие имаат право на самоопределување. Но секој, кој денес во Република Северна Македонија се дефинира како граѓанин со бугарски корени, таму и понатаму се дискриминира. Пред околу две недели некои групи ги објавија личните податоци и адресите на овие луѓе, во некои случаи дури им се закануваа дека ќе ги обесат, вели Захариева за „Велт“, пренесува Дојче веле.

Легенда под Главна слика

Фото: Принтскрин

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе