Косовскиот премиер во официјална посета на Македонија

За Заев и Хоти приоритетно е прашањето за автопатско поврзување

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со косовскиот колега Авдулах Хоти оцени дека може во првото тримесечје од следната година да започне изградбата на автопат кон Косово. Хоти, пак, не одговори конкретно дали Косово ќе воведе задолжителни ПЦР тестови за македонски државјани, по засилувањето на епидемијата кај нас.

„За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи Гранит. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата", информираше денеска премиерот Зорен Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот колега Aвдулах Хоти, кој е во официјална посета на земјава.

Ако сите овие работи завршат до крајот на годината, премиерот верува дека за две и пол години може да биде готов автопатот, иако според проектните документации на Европската банка предвидено е градежните активности да траат три до четири години.

Покрај ова автопатско решение, во фокусот на првата заедничка седница меѓу Македонија и Косово која се очекува да се одржи наскоро, ќе биде и потпишувањето на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас, како и реализацијата на „One stop shop"

„Дадени се насоки за изработка на проектна документација и потпишување на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас кој треба да ги Скопје и Приштина. Втората работа на која ќе се посветиме е „One stop shop" меѓу нашата држава и Косово и третата работа е завршување на проектната документација за поврзување на Тетово- Призрен", рече Заев.

Toj најави дека може да се разработат и планови за развој на туризмот на Попова Шапка како заедничка понуда на двете држави.

Во однос на состојбите со коронавирусот, премиерот на Косово, Авдулах Хоти, не прецизираше дали ќе се воведат ПЦР тестови за македонските граѓани по зголемувањето на бројот на заболени.

На новинарско прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Хоти порача мерките што се преземаат, да не се гледаат како ограничувачки, туку како мерки за спречување на вирусот.

„Министрите за здравство на двете држави работат заеднички. Косово сега е во подобра состојба отколку претходно, додека овде во Скопје почна да расте бројот на заболени. Мерките што ги преземаме, треба да се подразберат како мерки за спречување на вирусот, а не како ограничувачки мерки", рече Хоти.

Во однос на неодамнешната изјава на првиот човек на Обединетите нации Антонио Гутереш дека косовскиот претседател Тачи и лидерот на Деморатската партија Кадри Вејсели ја попречуваат работата на Специјалниот суд за воени злосторства, косовскиот премиер рече дека многупати досега како држава покажале решителност целосно да се почитуваат одлуките на правните органи.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе