За заедничка Македонија прашува зошто Уставниот суд 4 години молчи за нивната претставка за уставноста на изборот на Талат Џафери

Зошто и по четири години откако е поднесена претставката до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на изборот на претседател на Собранието во 2017 сѐ уште не е разгледана, прашаа денеска Богдан Илиевски и Борис Дамовски, претставници на граѓанското здружение За заедничка Македонија.

Откривањето на вистината за случувањата на 27-ми април никогаш не може да биде целосно и комплетно, без откривање на случувањата во текот на целиот 27-ми април 2017-та, а не само по отворањето на вратите на Собранието на Република Македонија, рече Богдан Илиевски.

„На 17-ти мај 2017 поднесовме претставка пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на изборот на претседател на Собранието на Република Македонија. Денес почнува петтата година во која оваа претставка фаќа слоеви прашина во нечија фиока. Битката за правна држава е очигледно саботирана од оние кои се најповикани да ја обезбедат правната држава и да го штитат Уставот. Во овие четири изминати години се изнаслушавме повици за брзи судења на обвинетите за непостоечко терористичко загрозување на уставниот поредок. Тоа и се случи, процесите и казните беа експресни, драконски и ‘политички корисни’ за одредени центри на моќ и нивните агенди. Но, не чувме ниту еднаш повик од властите Уставниот суд да ја сработи работата поради која постои и да провери дали Уставот и законите беа прекршени 30-тина пати со изборот на претседател на Собранието на 27-ми април. Сѐ тече, сѐ се менува, сѐ се движи, освен претставката за изборот на претседател на Собранието. Таа седи во фиока, прекриена со 4 прста прашина“, рече Илиевски и додаде дека на овој неславен јубилеј поради политичките притисоци, правдата во Македонија е селективно слепа.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе