ПРОТЕСТ СО АВТОМОБИЛИ

За заедничка Македонијa: Неделава е клучна, ќе реагираме во секунда

Денеска приврзаниците на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија протестираа со возење автомобили низ неколку градови во Македонија. Во Скопје, поворката со македонски знамиња тргна од спортските сали „Борис Трајковски“ во Карпош и „Јане Сандански“ во Аеродром, а заврши пред Собранието на Република Македонија. Според организаторите, намерата им била да покажат будност и мобилизираност ако во следните денови има обид за избор на претседател на Собранието.

„Наредната недела која доаѓа е клучна недела особено првите три дена, понеделник, вторник и среда. Она што се обидоа да го направат во четвртокот на шверцерски начин да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа и веднаш потоа ќе преминат на избор на влада, ќе се обидат пак да го сторат во еден од овие три дена пред Велигден. Не смееме да им го дозволиме и нема да го дозволиме. Ќе бидеме будни, ќе следиме сѐ што се случува, ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда“, рече  Богдан Илиевски, еден од основачите на иницијативата.

Тој рече дека не случајно тиранската платформа беше презентирана на Божиќ, намерно за да не предизвика големи реакции бидејќи за празник секој си има други приоритети. „Истото ќе се обидат да го направата пред Велигден, но овој пат нема да помине без реакција“, рече Илиевски.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе