ПРОТЕСТ

„За заедничка Македонија“: На улица сме 40 дена, ако треба ќе останеме уште 1.140

Досега сме 40 дена на улиците, но ќе останеме колку и да треба, порачаа поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ на денешниот мирен марш во Скопје на кој беа повторени пораките за зачувување на унитарноста, јазикот, знамето и грбот, како и барањето за отфрлање на т.н. тиранска платформа. 

Учесниците на маршот ја минаа вообичаената маршрута, од Владата до Собранието на Република Македонија .

Богдан Илиевски порача дека наредната недела ќе биде клучна за, како што рече, да им се каже и симболично „стоп“ на сите кои се обидуваат Македонија да ја качат на тиранска платформа. ­

„Тоа нема да го дозволиме. Мора да продолжиме така, фокусирано и без опуштање, да не има што повеќе и повеќе секој еден ден, особено наредната недела, која ќе е клучна. Поминавме 40 дена, ќе поминеме уште колку и да треба и секој ден ќе ја искажуваме нашата благодарност и поддршка за Ѓорге Иванов. Човекот кој што ни ги донесе победите, човекот што стои зад нас и човекот зад кој стоиме ние се додека стои и тој на својата заклетва, да го чува суверенитетот на Република Македонија. Ние донесовме промена“, рече Илиевски.

Дарко Мијалковски изјави дека и денеска уште еднаш дошле за го изразат незадоволство и да им повторат на политичарите дека народот е оној кој ги ставил и и кој ќе ги извади надвор од Собранието.

„Немојте да мислите дека ќе не фатите неспремни. Црното сценарио кое што јасно и гласно се нема откажано од тиранската платформа нема да ви помине. Никој нема право да ни ги менува знамето, химната, грбот, уставот и да ни ја распродава државата, која народот со векови ја има градено. Народот има обврска да ја брани својата татковина. Цели 40 дена сме на улиците, ако треба ќе остаме уште 1.140 денови, бидејќи тоа им го должиме на нашите претци, на нас самите и на нашите нродени деца“, порача тој и додаде дека точно знаат што сакаат и од ништо не се плашат

Според Борис Дамовски, пак, потребни се избори и попис за да не се дозволи друг да избира за граѓаните. ­

„Секој ден доаѓаме тука и кажуваме колку не веруваме во тиранската платформа и нејзината намера и колку веруваме во самите нас и во иднината на Македонија. Ни една борба не за вршила за два – три викенда. Ве повикувам да бидеме тука, да бидеме будни“, рече Дамовски и повика на уште поголема масовност на протестните маршови. МИА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе