За ВМРО-ДПМНЕ понудата на Заев за избори во октомври догодина е прифатлива

Терминот за предвремени избори во октомври 2020 година што денеска на опозицијата ѝ го понуди премиерот Зоран Заев, за ВМРО-ДПМНЕ е разумна основа за разговори со власта на таа тема.

„Очигледно е дека под притисок на јавноста по многубројните скандали власта која што е во паѓање го прифаќа предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори. А, тоа што се однесува за понудениот термин за октомври догодина, се чини како разумна основа за разговори со власта на таа тема“, изјави денеска портпатолот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање дали овој термин е прифатлив за партијата и доколку нема договор за избори, дали ќе нема договор и за Законот за јавно обвинителство.

 Во врска со тоа дали договорот за избори е врзан со договор за Законот за јавното обвинителство, дали се условени едното со другото, Стоилковски истакна дека тоа што се посочувало досега, а и сега, е дека  лидерска средба е невозможна без темата предвремени парламентарни избори.

На прашањето дали партијата е во коалиција со БЕСА, бидејќи вчера во Собранието заедно обезбедиле мнозинство и се чини оти се на иста линија со оглед на датумот за барањето за предвремени избори, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не е тајна дека се во постојана комуникација со сите политички партии.

„Станува збор за политички субјект кој што има свои ставови кои некогаш се поклопуваат, а некогаш не“, рече Стоилковски.

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството.

„Ќе сториме се да можеме да изградиме консензус. Секако паралелените пораки кои стигаат од страна од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека џабе е што работат работните групи кога на крајот нема да има гласање, ако нема предвремени избори, нас нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи“, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања при пуштање во употреба на Ургентниот центар во Куманово.

Заев нагласи дека останува и понатаму оптимист, а ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе