Национален совет за евроинтеграции

За ВМРО-ДПМНЕ непримерно е што МНР не реагирало на изјавите на Слави Трифонов

Подготовката за собраниската седница предвидена за 13 јануари на која амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер ќе ги презентира приоритетите на француското претседателство со ЕУ, беше една од главните теми на денешниот заседание на Националниот совет за евроинтеграции, но дискусијата беше свртена кон изјавите на претседателот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, оцени дека непримерно и недозволиво е што Министерството за надворешни работи не реагирало за ставовите на Трифонов, кој стартот на преговорите на Македонија со ЕУ го поврза со укинувањето на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната.

„Недозволиво е да не се реагира на вакви изјави. Да имаше изјава обратно од оваа страна, да речеме претседателот на СДСМ или на ДУИ да имаа ваква навредлива изјава кон Бугарија и бугарскиот народ, бидете убедени дека амбасадорот, кој што за жал го немаме во Софија, односно во случајов претставникот на македонската амбасада, ќе беше повикан и ќе му беше испратена протесна нота од бугарското МНР“, изјави Николоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение со Софија кое би било надвор од Резолуцијата усвоена во Собранието со која беа исцртани црвените линии на земјава.

За членот на Националниот совет за евроинтеграции, Зекир Рамчиловиќ, кој е од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, изјавите на Трифонов се негов личен став, желби и видувања, од кои не зависат преговорите на земјава со Унијата.

„Верувам во она што се најавите од новиот бугарски премиер дека работите ќе се одвиваат во друга насока“, изјави Рамчиловиќ, изразувајќи надеж за брзо започнување на преговорите на земјава со ЕУ.

Тој го повтори очекувањето дека бугарските барање нема да бидат дел од преговарачката рамка на земјава со ЕУ, ниту пак услов за започнување преговорите со Унијата.

Според Рамчиловиќ, не би требало да дојде ни до одвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, бидејќи со тоа би била упатена погрешна порака не само за граѓаните на земјава, туку и за целиот регион.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе