МНР информира

За влез во Косово задолжителни три дози вакцина, или две заедно со негативен ПЦР-тест

Косовската влада донесе одлука според која за влез на македонски државјани ќе биде задолжително да се поседува потврда за примена трета доза вакцина против ковид-19 или сертификат за две дози заедно со негативен ПЦР-тест, ги информира граѓаните македонското Министерство за надворешни работи.

Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека поради влошување на состојбата со ковид-19 во Република Косово, нивните власти вчера донесоа нова одлука, која итно уште од денес стапи на сила, а со која се засилува режимот за влез на македонски државјани.

„Со новата одлука, за влез во Република Косово потребно е да се приложи потврда за примена трета доза вакцина против ковид-19, или потврда за две дози на вакцина заедно со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа“, наведува МНР.

И со новата мерка ограничувањата не важат за влез на малолетни лица до 12 години како и одредени исклучоци кои се поврзани со транзит низ земјата, слетување и полетување на приштинскиот аеродром и други случаи во кои лицата не престојуваат подолго од 3 часа во земјата.

Лицата кои не се вакцинирани поради здравствени причини, при влез во Косово се задолжени да поседуваат потврда за истото од доктор специјалист заедно со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе