Македонија на црвената ковид - листа

За влез во Холандија од недела сертификат за вакцина, ПЦР тест, но и со задолжителен карантин

Македонија од утре е на листата на Холандија како земја со висок ризик. Патниците од Македонија кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена.

Од 6 септември, пак, за патниците од Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација, туку ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа.

Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе