Еврокомесарот ни порача

За Вархеји нема дилема дека преговорите со ЕУ се условени од успехот на преговорите меѓу Скопје и Софија

Албанија ги постигна условите, а ако нема договор со Софија можно е разделување на двете земји во процесот на преговорите за интеграција во ЕУ на Македонија и Албанија. Нема дилема дека за отворање на преговорите потребен е напредок од Скопје и од Софија. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји која денеска ја испрати до македонската Влада.

„Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност“, изјави еврокомесарот.

За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.

„Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји“, рече Вархеји.

Тој појаснувајќи една своја поранешна изјава, нагласи дека самото вето е драматизирање, и подвлече дека ЕК работи на тоа да се вратат работите во нормала колку што е можно побрзо.

„Враќање во нормала значи постигнување на договор помеѓу двете земји. Договор значи закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу Бугарија и С. Македонија и се разбира токму ова е тоа на кое ние како ЕУ работиме сега“, рече еврокомесарот Вархеји кој  во рамки на неговата балканска турнеја по повод пристигнувањето на првите вакцини против ковид-19, финансирани од ЕУ заедно со премиерот Зоран Заев одржа заедничката прес-конференција на вакцинален пункт во салата А1 Арена во Скопје.

Австриската министерка за Европа и Устав Каролине Едштадлер повтори дека Виена ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија која сработи многу за да го постигне статусот на земја кандидат. Се надева дека блокадата од страна на Бугарија ќе се отргне и дека Македонија ќе остане на масата на разговори кои треба да ги продолжат двете земји.

„Ќе направиме се што е можно, Австрија ќе продолжи со поддршката со цел да се забрза темпото и да започнат пристапните преговори што е можно побрзо, затоа што не смееме да губиме време и не смееме да го изгубиме моментумот“, вели Едштедлер.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе