За вакцини преку Ковакс треба да се исполнат одредени услови, нема одговор дали Македонија ги исполнува

Владите на земји со среден или низок приход се информирани за првата рунда на дистрибуција на вакцините преку Ковакс механизмот и на кој датум ќе ги добијат дозите, а роковите би требало наскоро да бидат јавно соопштени, изјавиле за МИА од ГАВИ, Алијансата за вакцини, задолжена за програмата Ковакс, но не дале прецизен одговор дали Македонија ги исполнува наведените услови.

Кои се критериумите потребни за да се добијат вакцини?

„За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обесштетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз“, велат од ГАВИ.

Од Алијансата нагласуваат дека се во контакт со сите учесници во Ковакс за дистрибуцијата на вакцини, но без повеќе детали за процесот во однос на Македонија.

„Со финализирањето на подготовките, Ковакс ги издава нарачките до производителите и ги праќа и испорачува дозите преку редовен процес. Ова значи дека, од минатата недела, доставите за првата рунда испораки се одвиваат дневно, во транши“, објаснува Лаура Шевлин од ГАВИ.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе