„Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Владата.
Засега нема информации за тоа кој од политичките лидери ја прифаќа, а кој ќе ја одбие поканата.