Донесени се пресуди, но...

За пасошите со украден идентитет дадени на криминалци, мафијаши, наркобосови, терористи... има уште многу работа

Во аферата „Двојник“ крадени биле идентитетите не само на албански и бугарски граѓани, туку издадени биле македонски пасоши со украден идентитет на Македонци, државјани на Косово, Србија, САД, Германија, Канада и по еден на Франција, Хрватска и Австрија. Од потврдени 215 пасоши, за 156 сѐ уште не бил утврден идентитетот. Ова е дел од статистиката изработена според обемниот обвинителен акт за оваа афера.

Овој скандал го откри опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која аферата ја нарече „Мафија“, а Министерството за внатрешни работи веднаш потоа објави дека се спроведува меѓународна акција „Двојник“ за злоупотреба на службената положба во издавање оригинални македонски пасоши со украден идентитет на странски криминалци.

Од средината на јуни 2017 година до јануари 2021 година организирана група од административните служби на Министерството за внатрешни работи издаде 215 такви пасоши на сериозни криминалци по кои бројни држави во борбата против трговијата со дрога издале потерници по нив, а тие слободно ги минувале границите по меѓународните аеродроми со лажен идентитет. И покрај сѐ, овој случај заврши само со судска пресуда на директните извршители во издавањето на пасошите, но не и против нарачателите, а истрагата, според Јавното обвинителството официјално продолжува.

Првиот пасош е издаден на 13 јуни 2017 година, а последниот на 21 јануари 2021 година. Во 2017 година се издадени само 23 пасоши, во 2018 година 61 пасош, 2019 - 68 пасоши, 2020 - 61 издаден пасош и во 2021 година 2 издадени пасоши.

Македонскиот идентитет е „украден“ од граѓани кои долго време живеат во западноевропските и прекуокеанските земји или се жители на соседните држави и никогаш не добиле македонски биометриски пасош. Намерата била лажно напревите исправи со туѓ идентитет да се употребат како вистински, а за истите биле употребени податоци и идентитети на лица државјани на Македонија кои до сега не побарале и не се стекнале со македонска биометриска патна исправа, а се иселени од Македонија или од раѓање живеат во странство, кои немаат остварено влез во државава, но поседуваат македонско државјанство.

Користејќи ги податоците од овие лица за изработка на патните исправи, со вметнување на фотографии од барателите на пасошите, кои заради криминални активности се бараат по меѓународни потерници или заради други криминални побуди, се правеле пасоши со туѓ идентитет и чисто досије, со кој барателите го прикривале својот вистински идентитет и сторените тешки кривични дела кога минувале преку границите. 

Во оваа афера се кршени се правата на граѓани на повеќе држави. Така, украден е идентитетот на 76 албански државјани, Македонци по потекло, потоа на 24 бугарски државјани, исто така Македонци по потекло, на 9 косовски државјани, македонски граѓани, 8 српски имакедонски државјани, на тројца  двојни државјани на САД и на Македонија, на 2 државјани на Германија и на Македонија, на 2 двојни државјани на Канада и Македонија, и на еден хрватски, француски и австриски државјанин, со македонски пасоши. Нема идентификација за 89 двојни државјани.

За време на судскиот процес не се водеше сметка за последиците од употребата на овие „пасоши“ во странство. По кратка постапка и признание на осомничените административци од МВР донесени се минимални затворски и парични казни. За тоа кој ги давал наредбите за издавање на овие пасоши, кој колку заработил, за финансиските импликации од овие случаи нема ни збор во обвинението.

А министерот за внатрешни работи Оливер Спасосвки во една прилика самиот кажа дека издавањето на еден ваков пасош чинело од 3 до 20 илјади евра.

Во двегодишната истрага од издадени 215 биометриски пасоши со украден идентитет, идентификувани се само 59 корисници. Останатите 156 корисници не се идентификувани. Од 59 идентификувани мафијаши, наркобосови, атентатори, перачи на пари и терористи, кои во редовна постапка во просториите на административните служби во македонското МВР биле фотографирани за пасоши, 32 се бараат со потерници во Интерпол.

Иако Министерството за внатрешни работи тврди дека тие имаат поддршка од Интерпол и од Регионалната канцеларија за истраги на САД, ниту еден пасош не бил запленет или едно лице приведено во истрагата од 2 години.

Во обвинението не пишува ништо за местото на живеење, движењето на корисниците на украдени идентитети, ниту дали на тие пасоши се отворани банкарски сметки или дали е купен имот на тоа име. Не е познато дали се води и финансиска истрага против сега осудените.

Очигледно е дека власта сака овој случај што побрзо да го заборави. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески по акцијата посочи дека никој нема да биде заштитен и лицата ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но нагласи дека има уште многу работа, а дел од работата треба да завршат другите органи и потврди дека Јавното обвинителство ќе ја прошири истрагата за предметот.

„ОЈО Скопје по поднесувањето на обвинението до МВР побара дополнителни известувања за начинот на организација на издавањето на овие патни исправи, за лицата кои постапуваат по тоа, за информацискиот систем итн. Најпрво треба да се утврди кои лица имале допир со овие документи, кои лица може да ги креираат овие документи, како е поставена целата служба, кои какви задачи и овласувања има во таа служба, кој ја носи одговорноста за функционирањето на таа служба и дали тоа постапување било во рамки на прописите кои го регулираат внатрешното работење на МВР", изјави Јовески по акцијата.

Проширување на истрагата за „Двојник“ најави и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој вети дека истрагата за злоупотребите при издавање на пасоши ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.

„Нема толеранција за ниту еден, кој сака нека е тој, и во стурктурите на МВР и во државата генерално. Секако, со партнерските служби работиме надвор од територијата на државата, при утврдување на идентитетите и при преземање на мерки против лица кои тие ги користеле", рече Спасовски.

Но, иако челниците и на МВР и на Обвинителството најавија проширување и нетолеранција, за сега нема обвинет од повисоките структури на МВР.

А.Д.

Објавено

Четврток, Јуни 3, 2021 - 12:47

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе