За случајот Онишченко суспендирани се двајца службеници во АНБ, засега нема одговорност за првите луѓе

Началничка и вработен во секторот за стратешка соработка во Агенцијата за национална безбедност се првите жртви во скандалот со издавањето на македонски пасош на украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко од црната листа на САД. Засега нема индиции дека за одговорноста во овој случај ќе се оди до крај.

Предлог за суспензија има за двајца вработени во АНБ. Виктор Димовски, директорот на АНБ, минатата недела изјави дека еден службеник не си ја завршил работата со потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик.

За суспензијата ќе одлучува дисциплинска комисија во АНБ затоа што во агенцијата веќе подолго време нема раководител за внатрешна контрола. Поради овој недостаток никој не може да покрене одговорност и на првите луѓе на АНБ.

Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во својата реакција на изјавите на Димовски рече дека нема никаква законска обврска за консултација со НАТО-партнерите кога станува збор за барање за издавање македонски пасош на странски државјанин. Тоа треба да се прави, потсетува Чулев, кога се бара безбедносен сертификат.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска вети дека за овој случај на затворена владина седница ќе се побараат дополнителни информации.

За претседателот Стево Пендаровски се работи за скандал затоа што информацијата за тоа дека Онишченко се наоѓа на црната листа на САД била јавно достапна.

За актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски завршени се сите процедури за неговата амбасадорска служба во Париз.

Ковачевски најави дека наскоро ќе се знае и кој ќе биде новиот директор на АНБ. За тоа веќе имало тројца кандидати, вработени во АНБ.

А.Д.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе