За СДСМ судската пресуда за „ТНТ“ е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Судската пресуда за предметот ТНТ за рушењето на „Космос" одново потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, велат од СДСМ.

Од владејачката партија нагласуваат дека во овој случај на затворски казни се осудени, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

„Бројните пресуди ги потврдуваат индициите за сторените тешки криминали кои беа објавени преку проектот Вистината за Македонија. Се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиески негов извршител.

Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој го смести Мицкоски во фотелја во Белиот дворец", се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е, како што велат, истата непроменета криминално-режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе