„Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан“, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.
Оттаму укажаа дека продолжуваат да даваат поддршка за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија што е можно побргу.
На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот француски предлог во чија нацрт верзија за отварањето на преговорите, билатералните прашања меѓу две земји – Северна Македонија и Бугарија, се ставаат како услов во преговарачкиот процес за пристап на нашата земја во Унијата.