„За ред, за правда, за дисциплина“, протест на Синдикатот на полицијата на Македонија

Синдикатот на полицијата на Македонија, еден доен по вчерашното одбележување на Денот на македонската полиција, денеска излезе на протест пред Влада под паролата „За ред, за правда, за дисциплина“. 

Од Синдикатот обвинуваат за притисоци на работните место, немање доволно униформи и останата полициска опрема која им е потребна за извршување на секојдневните работи и незаконски распределувања. Зголемување на платите беше едно од приоритетните барања на Синдикатот, бидејќи, како што велат, само полициските плати се замрзнати и дека немаат додаток за борба со коронавирусот. 

Синдикатот на полицијата на протестот најави дека ќе достават писмени барања до Владата и премиерот каде ќе ги наведат нивните барања.

Протестот беше поддржан и од шумската и затворската полиција, војници, пожарникари и вработени во железницата.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе