Во време на пандемија функционери одмораат во странство

За Рашковски во Мексико и Николовски во Дубаи, Филипче не коментира

На новинарско прашање дали ќе одат во 14-дневен карантин владините функционери Драги Рашковски, кој е на годишен одмор со семејството во Мексико, и Љупчо Николовски, кој со сопругата отпатувал во Дубаи, министерот Филипче одговори дека не би коментирал индивидуални случаи, нагласувајќи дека карантинот е задолжителен за секого кој ќе допатува од која било африканска земја. Инаку, Дубаи е во Азија, а Мексико во Латинска Америка.

„Не би коментирал поединечни случаи. Со одлука на Владата задолжителен карантин е воведен за луѓе кои доаѓаат од африканските земји. Причина за тоа е што станува збор за превенирање на можност за внес на јужноафриканскиот сој на вирусот, која мутација побрзо се пренесува и затоа што целосно не се знае ефектот на вакцините кога станува збор за овој сој“, рече Филипче.

 

 

 

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе