Политички бранувања во Бугарија поврзани со Македонија

За Радев и Борисов францускиот предлог е најдобар, ГЕРБ дава 59 пратенички гласови

Францускиот предлог е најдобар и пратеничката група на ГЕРБ, која брои 59 пратеници, ќе го поддржи „францускиот предлог" на пленарна собраниска седница, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на таа партија Бојко Борисов. Тој го повика премиерот Кирил Петков до Народното собрание официјално да го достави предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтегративниот процес на Македонија. И претседателот на Бугарија Румен Радев оцени дека е тоа „најдобар предлог“, но и дека сепак „нема доволни гаранции за националните интереси“.

„Францускиот предлог" за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија е најдобар за Бугарија, но бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија#, изјави денеска во Пловдив бугарскиот претседател Румен Радев.

Toj oцени дека најдоброто е тоа што Бугарија успеала да се спротивстави на два совета за проширување на ЕУ, кога имала јасна позиција и јасни аргументи.

Според Радев, европските партнери на Софија го делат нејзиниот став дека „прашањето за одбрана на граѓанските права и борбата против дискриминацијата не може да биде билатерално прашање само меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, туку мора да се постави на ниво на ЕУ".

Тој уште ги повика бугарските политичари да не брзаат со прогласување „историска победа", бидејќи, како што нагласи, промената на Уставот на Северна Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ.

„Треба да биде јасно дека овој процес се заснова на два важни документи – првиот е Преговарачката рамка, која е обврска и ја подготвува ЕУ. Вториот е билатералниот протокол, кој е наша заложба и е составен дел на преговарачката рамка“, рече Радев, додавајќи дека во моментов предложениот билатерален протокол „не дава доволно гаранции за заштита на интересите на Бугарија".

Како најдобар предлог за францускиот документ се изјасни и лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов.

„Предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија е најдобар“, рече Борисов и предложи францускиот предлог да биде усвоен со големо мнозинство во Народното собрание на Бугарија со поддршка на пратениците од владејачките партии Продолжуваме со промената на Петков и Демократска Бугарија (ДБ) и опозициското Движењето за права и слободи (ДПС).

Според Борисов, поддршката на предлогот на француското претседателство е најдоброто решение за „иднината на Балканот, ЕУ и за Бугарија".

Борисов, при тоа, ја прочита и одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква со која ја признава „Црквата во Северна Македонија“ и стапува во канонско единство со неа, споредувајќи го ваквото решение со ставот на ГЕРБ за поддршка на „францускиот предлог".

„Нема да останеме во темната страна на Евроазија и нема да дозволиме путинизација“, дециден беше Борисов, најавувајќи дека ГЕРБ во Собранието ќе ги поддржи сите решенија од агендата на Бугарија со кои ќе се гарантира нејзината евроатлантска ориентација, како што се приклучувањето кон Еврозоната, проширувањето на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и зајакнувањето на улогата на НАТО.

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе