Собраниска комисија

За продолжување на кризната состојба во дел од државата поднесени 400 амандмани, расправата одложена

Предложените 400 амандмани ја одложија расправата во собраниската Комисија за одбрана и безбедност за продолжување на кризната состојба на дел од државата заради заштита од илегална миграција и заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија од ковид-19 и спречување на негово ширење и заради висок ризик и зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата.

Членовите на Комисијата заклучиле дека Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија е прифатлив и може да се даде на понатамошно читање.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата го образложила министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Во Законот за служба во Армијата на Република за професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, како една од законските понуди се пропишува обезбедување на  испратнина односно еднократен паричен надоместок, во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за секоја година помината на служба во Армијата, со услов, доколку повторно засноваат работен однос во Министерството за одбрана, во органите на државната и локалната власт, должни се полниот износ на исплатената испратнина да го вратат на Министерството за одбрана, како и дека истите нема да се оценуваат во годината во која навршуваат 45 години возраст“, пишува во Предлог-законот.

Во однос на вонредното унапредување на офицер во непосредно повисок чин, покрај годините кои треба да ги помине во чинот кој го има, се пропишуваат и условите под кои офицер поставен на должност во Генералштабот на Армијата и офицер поставен на должност во Министерството за одбрана, ќе може да биде вонредно унапреден во непосредно повисок чин, една година порано од времето утврдено за унапредување во Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Со оваа законска измена, меѓу другото се пропишува и начинот на определување на висината на пензијата на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, на кој му престанува работниот однос со остварување право на пензија со што се предвидува дека висината на пензијата ќе им се утврдува во зависност од должината на исполнетиот пензиски стаж, а пензиската основица во висина од 80 проценти од просечната нето- плата што активниот воен и цивилен персонал ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж, ќе се намалува за 0,5 проценти за секоја година пензиски стаж пократок од 40 години. Средствата за исплата на пензијата до навршување на годините на живот за остварување на правото на старосна пензија според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за одбрана, а правото на пензијата се остварува во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување.

На дневниот ред на седницата беа и Предлог – законот за изменување на Законот за заштита од експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за странци, во второ читање. На усвоената агенда меѓу другите точки на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе