Селекција во Центарот за обука во Идризово

За полициски службеници се пријавиле 2.391 кандидат, се избираат 600

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Центарот за обука во Идризово, каде што е во тек селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници на последниот објавен оглас од минатиот месец.

Во Центарот за обука на МВР во Идризово, во тек е селекцијата на 600 најдобри, од пријавените 2.391 кандидат на последниот оглас. Од нив 1.940 се мажи, а 451 жени, сите од различни националности.

Сите тие, почнувајќи од завчера, во рок од осум дена ќе ги минат задолжителните и стандардизирани физички проверки, по што ќе се продолжи со следните етапи, односно фази на испитување, психолошки проверки, поточно проверки на интелектуалните предиспозиции, општо-образовно тестирање, интервјуа со секој кандидат; потоа безбедносни проверки, како и задолжителни здравствени прегледи. По направената селекција, комисијата треба да ги избере најдобрите.

„Кога ќе заврши целиот процес на селекција кандидатите почнуваат со обука во три модули по четири месеци. Имаме теоретски и практичен дел. За секој од модулите се прави ранг листа и се избираат 600 кандидати за прием. Во Законот за внатрешни работи е предвидено на обуката да учествуваат 10 проценти повеќе кандидати од бројот што се бара. Значи на овој оглас ќе имаме потпишано договор со 660 кандидати кои ќе ја посетуваат обуката, а на крајот ќе бидат примени 600 кои ќе бидат најдобри“, изјави Спасовски, додавајќи дека тоа е така уредено со цел да има мотивација и натпревар на кандидатите во однос на резултатите кои ги остваруваат на модулите.

 

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе