петок, 26 април 2024
Претседателски избори 2024

Пендаровски: Ама каков бојкот, тргнувам од нула за да победам во вториот круг

Почнуваме од нула како да немало прв изборен крут со цел да победам и да прославуваме во цела Македонија, порача претседателскиот кандидат на коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски вечерва од митингот во Крушево, градот во кој во првиот изборен круг доби повеќе гласови отколку што доби противкандидатката Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг и мислам дека на 8 мај ќе славиме победа не само овде во Крушево, туку и во цела Македонија“, рече Пендаровски пред крушевчани.

Тој им кажа на граѓаните дека веројатно и до нив стасале „муабетите“ ширени од политичките противници за бојкот на вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме“, истакна Пендаровски денеска во Крушево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ