Утре ќе биде претставена граѓанската иницијатива

Главна цел на „Шанса за Центар" ќе биде општината да се развие по мерка на граѓаните

Јана Белчева Андреевска, која околу 2,5 години претседаваше со Советот на Центар, на овие избори ќе се обиде да обезбеди нов советнички мандат како носителка на независна листа на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар". 

Белчева, како потенцијална носителка на листа на „Шанса за Центар", заедно со професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонтскиот факултет и Јане Димески, како потенцијални кандидати за советници, утре ќе ја претстават граѓанската иницијатива, за која велат дека произлезе од поврзување на „Здравје пред профит" со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на живот во општината.

„Главна цел на „Шанса за Центар" ќе биде општината да се развие по мерка на граѓаните, каде што политиките ќе се носат отворено и ќе бидат базирани на анализи и податоци. Квалитетот на живот на граѓаните ќе биде појдовен принцип на дејствување на избраните советници. Најважните заложби на „Шанса за Центар" се потребите на граѓаните! Нивното право на чист воздух! Нивното право на безбедно и достоинствено урбано живеење. Учество во работата на општината“, велат од иницијативата.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе