Прес-конференција на ЦУК

За неполн месец во државава избувнале 106 пожари, во моментов активни се два

За неполн месец вкупно 106 пожари избувнале на територија на нашата држава, информираше на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Утрово активни беа 7 пожари, а во овој момент според информациите на ЦУК активни се само два. 

„Од 26 јуни до денес на територија на нашата држава избувнаа 106 шумски пожари од кои најлошиот беше во Берово и Пехчево. Изгореа објекти, стари куќи и придружни објекти и еден покрив на куќи во Кочани. Владата ќе ги обесштети граѓаните, а се прави проценка и се утврдуваат штетите на останатите. Мали се штетите во населените места. Благодарение на активната кампања на сите субјекти на системот свесноста кај граѓаните е на повисоко ниво и граѓаните се помалку се појавуваат како фактор за предизвикување на пожар. Ако состојбата е стабилна, за движењето во шуми ќе побараме да биде само со документ, а не со целосна забрана", рече на прес-конференцијата Ангелов.

МВР откри повеќе случаи на намерно запалени пожари, а зголеменото присуство на полицајци придонесе да се намалат пожарите. До сега според Ангелов потврдено е дека три пожари во Кочани се подметнати.

„ЦУК и главниот штаб за управување со кризи искажуваат благодарност до оние граѓани кои ги почитуваа мерките, како и до оние кои помогнаа да се изгаснат пожарите. Благодарност и до пилотите на АРМ кои помогнаа да се изгаснат пожарите од небо. Тие се оние кои имаат носечка улога во овој дел, благодарност до пожарникарите, ДЗС, „Национални шуми" и на сите институции, како и на војниците и полицајците. Благодарност и до сите странски субјекти кои помогнаа", рече Ангелов.

Според Ангелов, пожарите ги покажаа слабостите за кои претходно бевме свесни, но сега мора да дадеме се од себе и да направиме брзи, длабоки и хируршки реформи.

„Уште од сега активно правиме план за реформи и ќе формираме широко тело кое ќе ги спроведе овие реформи", дополни Ангелов.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе