МВР

За настаните од 27 април уште најмалку стотина полицајци ќе одговараат

Министерството за внатрешни работи им даде отказ на 11 полицајци од Шестата управа кои не постапувале професионално на 27 април во Собранието, 31 се уште суспендирани, а против 70 полицајци и старешини се водат дисциплински постапки затоа што не одговориле на уставните и законски обврски.

Дел од овие полицајци не постапиле согласно нивните обврски и кога неколкумина пратеници на 27 април ја отворија собраниската главна врата кога демонстрантите влегоа во собраниската зграда. Двајца од нив, вработени во УБК, останаа без работа затоа што ги украле снимките од безбедносните камери во Собранието, не знаејќи дека системот има копија на друго место. Отказ добиле и шефовите на обезбедувањето на поранешниот собраниски претседател Трајко Вељаноски и на собраниското обезбедување.

Од МВР велат дека е ова само дел од дисциплинската постапка против овие полицајци и дека за евентуална кривична нивна одговорност надлежно е обвинителството.

Од обвинителството сѐ уште нема покани за разговор со пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Илија Димовски  и Љупчо Димовски. За овие пратеници, од снимките на собраниските камери, се гледа како ги пречекуваат демонстрантите, а дел од нив и како ја отворија главната врата од собраниската зграда.

Од обвинителството не е повикан ни тогашниот шеф на оперативниот штаб на МВР за настаните во Собранието Митко Чавков, кој според тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу не му кревал два часа на мобилен.

Љубомир Јовески, кандидатот за нов јавен обвинител, во разговорот на Гласот на Америка вели дека расветлувањето на настаните од 27 април и насилниот упад во Парламентот како и ревидирање на досегашното постапување ќе биде приоритет по неговото назначување.

„Доколку бидам избран за јавен обвинител, за овие случаи ќе побарам реферирање за досегашното постапување. Бидете уверени дека и тие случаи ќе бидат истражени неселективно. Ова сигурно ќе ми биде една од првите работи, по преземањето на функцијата доколку бидам избран, за да се утврди вистината за настаните на 27 април и сторителите“, вели тој. 

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе