За Москва членството на Македонија во НАТО создава нови поделби и не е придонес за безбедноста

Курсот на НАТО кон проширување единствено создава нови линии на поделби во момент кога на светот му треба обединување во борбата против коронавирусот, пишува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, по повод членството на Македонија во Алијансата.

Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

„Ваков чекор нема да придонесе за обединувањето на напорите за борба против заедничките закани и предизвици, вклучително и борбата против коронавирусот. Ќе создаде само нови линии на поделба“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Оттаму додаваат дека „обидите да се даде попмезност и важност на тој настан се покажале безуспешни, поради влошената ситуација со ковид-19“.

„Во услови на вонредна состојба во земјата, лидерите на Северна Македонија сепак не ја испуштија можноста да укажат на историскиот карактер на членството во НАТО, што ја гарантира безбедноста и стабилноста на Скопје“, се истакнува во соопштението, што го пренесува ТАСС.

„Очекуваме Скопје да го потврди, во согласност со утврдената процедура, преземањето на обврските на Северноатлантската алијанса врз основа на потпишаните документи со Русија и конкретно Основачкиот акт од 1997 година и Римската декларација од 2002 година“, се додава во соопштението на руското МНР.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе