Поинаков поглед од власта

За министерот Манчевски нема непотизам, има само спречување на иселувањето на младите

По 10 години дискриминација, кога ниеден член на СДСМ не можеше да се вработи во јавната администрација, каде сега да одат членовите и симпатизерите на СДСМ?, прашално одговори министерот за администрација Дамјан Манчевски на новинарското прашање за непотизмот на власта.

„Денеска е чудно што кој било симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично, треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа“, изјави Манчевски.

И министерката за правда, Рената Тренеска Дескоска, не гледа непотизам во последните вработувања на роднини на носители на јавни функции за кои пишуваат медиумите. И таа тврди дека новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата треба да се бори со корупцијата и непотизмот. Ова прашање беше поткрепено со фактот дека меѓу новите антикорупцинери се најде и баџанакот на спикерот Талат Џафери.

За Дескоска, баџанак не спаѓа во законски дефинираната категорија блиски лица во кои е посочено и сватовство до втор степен.

Сестрите на министрите за економија и култура се вработија во МЕПСО и ЕЛЕМ. Синот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска и ќерката на Талат Џафери, претседателот на Собранието, се вработија во ЕЛЕМ. И синот на Љубомир Фрчкоски е поставен за помошник директор во ПУИК. Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта од ДУИ, е вработена во државната компанија МЕПСО.

За министерот Манчевски овие вработувања се всушност спречување на одливот на кадри во странство, а не непотизам.

„Еве да се со согласиме дека сепак тоа е проблем, каде да одат тие луѓе? Во ред, еве ви кажувам, ајде да се договориме, да речеме луѓе да ја напуштат државата“, изјави Дамјан Манчевски.

За изборот на Нури Бајрами, баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џабери, Манчевски одговорноста ја префрли кон јавноста, велејќи дека можела да реагира кога биле интервјуата доколку тоа било проблем.

И за министерот за економија, не е непотизам вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Крешник Бектеши вели дека тоа што оваа институција не била под ингеренции на неговото министерство, значи дека тој не можел да реагира за нејзиното вработување.

Минатата денела и министерката Радмила Шекеринска се обиде да го релативизира ова прашање. Македонија била мала држава каде што шансите некој да е нечиј роднина или пријател се големи, вели министерката.

„Кога ќе ми најдете држава со два милиони во кои што семејствата на сите некако ќе исчезнат и нема да се дискутира, јас ќе ви кажам браво“, рече Шекеринска.

На сето ова реагираше движењето Беса кое од државните институции побара да се испита непотизмот, сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои фаворизираат одредени групи блиски до владините функсионери.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе