„Се стремиме кон добри односи со Скопје“

За Мицотакис македонскиот јазик и македонската етничка припадност се грешки во Договорот од Преспа, но ќе го почитуваат

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис останува на ставот дека Договорот од Преспа има грешки, но официјална Атина се стреми кон добри односи со Скопје. Во интервју за телевизијата „Антена“, Мицотакис вели дека неговата критика за договорот не била за името, туку за македонскиот јазик и македонската етничка припадност.

Мицотакис, како што јавува МИА од Атина, објаснува дека „овие грешки не можат да се излечат“.

„Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и главно да го прошириме нашето економско влијание. Затоа што во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон Централна и Источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога“, вели Мицотакис.

Тој додава  дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

Мицотакис вели дека е целосно доследен во однос на ставовите за Договорот од Преспа изнесени пред Нова демократија да дојде на власт, објаснувајќи дека за него ќе беше многу лесно и политички корисно, ако предизборно велеше дека ќе го поништи договорот.

„Не го сторив тоа бидејќи сум сериозен политичар и многу добро знам дека договорите не можат да се променат“, рече грчкиот премиер.

Во интервјуто за грчката телевизија „Антена“ емитувано синоќа пред полноќ, Мицотакис најави второ зголемување на минималната плата во Грција, отфрли секаква можност за воведување локдаун во земјата, но и секакво сценарио за одржување предвремени парламентарни избори.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе