Интервју за ТВ Канал 5

За Каракачанов ОМО Илинден е југословенска творба, до 1944 година нема македонска нација

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во интервјуто за Канал 5 вели дека во Бугарија нема проблем со човековита права и покрај последниот извештај на Советот на Европа во кој се тврди спротивното, а за организацијата на Македонците во оваа земја вели дека ОМО Илинден била „југословенска творба".

„Во Бугарија само оваа една група зборува за тие прашања. Но фактите се јавни: ОМО Илинден-Пирин беше создадена како организација на југословенската амбасада во 90-та година кога уште имаше Југославија. Извинете, но Бугарија нема како да признае таква организација“.

На прашањето на новинарот на Канал 5 дека прашува за Македонците, а не за организацијата Каракачанов дрко одговара:

„Видете, на последниот попис во Бугарија има и такви што се изјасниле и како Марсовци, Ескими… Ги има неколку илјади. Што значи да ги признаеме? Извинете, но ние досега говоревме дека до 1944 година нема некаква одделна македонска нација. За какво македонско малцинство во Бугарија зборуваме, кога македонскиот национален идентитет се создал во Југославија“, вели Каракачанов кој вели дека не постои ни македонскиот јазик.

„Тој јазик во Бугарија никогаш не се практикувал, не се користел. Тоа е еден јазик кој се создава тука (во Македонија). Ако некој сака да го учи како што се учи и англискиот, германскиот, францускиот, нема проблем, факултативно како што се учат другите јазици. И турскиот не се учи задолжително во услови кога, пак ќе кажам, имаме 500.000 Турци“, вели Каракачанов во интервјуто за Канал 5.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе