За „Јавна соба“ уапсени четири лица, се трага по „главата“ на групата, вели Спасовски

Денеска четири лица, еден од Битола, двајца од Велес и еден од Штип се приведени во врска со случајот „Јавна соба“ на платформата Телеграм, а се работи на откривање на „главата“ на групата и на други членови, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во изјава за Канал 5, Спасовски рече дека овие четири лица не се единствените кои се идентификувани, дека нивниот број е многу поголем и дека во следниот период може да се очекуваат нови приведувања.

„Работиме заедно со обвинителството во обезбедувањето дополнителни докази кои ќе бидат докази во постапката. Трагаме по уште лица, имаме идентификувано уште лица кои во наредниот период ќе бидат приведени и да дојдеме до оние кои што ја креираат оваа група и оние кои злоупотребуваат лични податоци во групата“, вели Спасовски.

Тој потврди дека до Телеграм неколку пати биле доставувани барања со барања од обвинителството, но оттаму немало никаков контакт. Вакво искуство имале и другите држави кои испратиле барања, но не добиле одговор, што оди во прилог на злоупотребите на платформата.

Спасовски рече дека е можно целосно „банирање“ на групата од страна на државата, бидејќи постојано се креираат групи од лица кои имаат сериозни намери да ги нарушат личните податоци на одредени лица.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе