Прослава на националниот празник

За Илинден Пендаровски во Скопје, Џафери во Пелинце, Заев во Крушево, Мицкоски во Ташмаруништа

По повод македонскиот национален празник Илинден денеска ќе се одржат голем број манифестации и чествувања. „Сите сме деца на Илинден" е слоганот на сите настани со кои годинава се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание ан АСНОМ.

 Делегација на Владата ќе присуствува на церемонијата на Мечкин Камен во Крушево. На оваа церемонија ќе говори премиерот Зоран Заев по што е планирана е и културно уметничка програма која ќе ја отвори ансамблот „Танец", по кој ќе настапи КУД „Емин Дураку", а програмата ќе ја затвори мешаниот хор „Крушево".

Свеченостите по повод Денот на Републиката ќе почнат со активностите на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој заедно со делегации ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклони пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто во Скопје. Претседателот Пендаровски, заедно со Сојузот на борците, ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Пендаровски и претставник на Сојузот ќе имаат обраќања по повод празникот.

Се чествува и во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што на свеченоста по повод Илинден и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа ќе има културно-уметничка програма. 

Делегација предводена од членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласоска, Владимир Ѓорчев, Тони Михајловски, Игор Божиновски ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“.

Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, Дафина Стојаноска и Александар Велјановски, ќе положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево.

Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Венко Филипче, претседател на Комисијата за здравство и Диме Велковски, пратеник во Собранието на Република Македонија и Ивана Трајкова од СДММ ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев и споменикот на АСНОМ во парк Жена борец и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Во рамки на Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата и посетен меморијалниот музеј Смилево.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја предводи партиската делегација во струшкото село Ташмаруништа.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе